Галатасарај ќе издвои 22 милиони за Николо Заниоло
Напаѓачот, Николо Заниоло, прифатил да ја напушти Рома и да замине во Галатасарај. Двата клуба се во финални преговори за сума од околу 22 милиони евра без бонуси.
Фудбалерот кој одби да го продолжи договорот со „римската волчица“ и беше избришан од списокот на тренерот Мурињо, сега нема друга опција и затоа се согласил да замине во шампионатот на Турција.
Медиумите тврдат дека неговата годишна плата ќе биде околу 4 милиони евра.