Маркињос: Овој пораз боли, да замолкнеме и да продолжиме да работиме

По поразот од Олимпик Марсеј и елиминацијата во Купот на Франција, дефанзивецот на парижани, Маркињос изјави дека сега е време да замолчат и да се фатат за работа.

„Знаевме дека сакаат да не притиснат високо, но не успеавме да се разиграме преку нивните слободни простори. Направивме многу грешки, што скапо не чинеше. Ова е пораз кој навистина боли, бидејќи е Куп натпревар и против еден од нашите големи ривали. Има некои работи кои јасно треба да ги исправиме. Време е да замолчиме и да се собереме ако сакаме да ги постигнеме нашите цели оваа сезона“, вели Маркињос.