Бразилците демантираат дека имаат договор со Анчелоти
Фудбалската конфедерација на Бразил, ја демантира веста дека постигнала договор со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за преземање на селекторското место во репрезентацијата.
Во соопштението на бразилската конфедерација се наведува дека ваквата вест е лажна, и дека прашањето за нов селектор се решава на транспарентен начин. Доколку се донесе одлука за избор на селектор, тогаш неговото име ќе биде објавено во јавноста.
Самиот Анчелоти претходно има изјавено дека негова цел е да остане на клупата на Реал Мадрид до истекот на неговиот договор во 2024.година.