Тиаго Силва го продолжи договорот со Челзи до 2024.година
Бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва го продолжи договорот со фудбалскиот клуб Челзи до летото 2024.година.
„Среќен сум што ја продолжувам својата кариера во Челзи. Кога го потпишував мојот прв договор овде мислев дека ќе останам само една сезона, а сега веќе стануваат четири. Никогаш не замислував дека ќе останам вака долго на „Стенфорд Бриџ“, и ова е навистина голема чест за мене.
Оваа сезона Силва во дресот на Челзи има остварено 24 настапи, а вкупно Бразилецот има запишано 106 натпревари и постигнато пет гола.