Академија Пандев има нов сопственик
Фудбалскиот клуб Академија Пандев официјално има нов сопственик. Италијанско-американската компанија „Брера Холдингс“ го потврди своето инвестирање во македонскиот прволигаш, и информираат дека во иднина ќе следи ребрендирање на клубот и дополнително вложување со цел поголем развој.
Новиот сопственик Брера Холдингс преку соопштение вели дека планот на компанијата е имплементација на својата меѓународна стратегија, која паралелно ќе форсира ширење и промоција на брендот Брера во Источна Европа.
Академија Пандев со работа започна во 2010 година, а нејзин основач е Горан Пандев, кој од клубот изгради стабилен прволигаш и место за развој на нови фудбалски таленти.