Бразилски „бисер“ доаѓа во Европа, Барса и Арсенал го сакаат Виктор Роке

Арсенал и Барселона се силно заинтересирани за напаѓачот на Атлетико Параненсе, Виктор Роке.

Скаутите на Арсенал веќе подолго време го следат младиот Бразилец, а тренерот Артета дал зелено светло за негов ангажман. Виктор Роке во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но бразлскиот клуб за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Арсенал сака да преговара за таа сума, но ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи силен интерес за Бразилецот покажува и Барселона.

Минатата сезона 17-годишниот напаѓач запиша 36 меча во сите натпреварувања на кои постигна 7 гола и запиша 3 асистенции.