Заниоло на пријателски натпревар го постигна првиот гол за Галатасарај

Николо Заниоло погоди на пријателскиот натпревар меѓу Галатасарај и Аланијаспор кој заврши со победа од 4-2 за неговиот тим.

Поранешниот напаѓач на Рома, во игра влезе во 80. минута и постигна гол во судиското продолжение поставувајќи го конечниот резултат.

За Заниоло ова беа првите минути во дресот на Галатасарај.