Асенсио ќе го издаде Реал и ќе потпише за Барса

Марко Асенсио на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, но би можел да направи шокантен трансфер.

„Кралевите“ сакаат да го задржат Асенсио, на кого му истекува договорот на крајот на сезоната, меѓутоа му нудат договор со пониска плата од актуелната. Поради тоа големи се шансите Шпанецот да си замине како слободен агент, а неговиот агент Жорж Мендеш го понудил на Барселона.

Каталонците сакаат да ја искористат шансата и да го доведат без обештетување, а Асенсио е спремен да слушне понуда од големиот ривал.