Распродажба на играчи во Челзи
Премиерлигашот Челзи во изминатите два преодни рока потроши околу 600 милиони евра на нови засилувања, но според објавите од медиумите клубот во иднина ќе стави на продажба голем број на играчи.
Информациите велат дека на листа за продажба се ставени дури 12 играчи кои на крајот од сезоната ќе треба да го напуштат клубот.
Според планот, Челзи очекува од продажбата да заработи најмалку 260 милиони евра, а играчи кои ќе се најдат на трансфер листа се: Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт, Цезар Аспиликуета, Рубен Лофтус-Чик, Кристијан Пулишиќ, Бен Чилвел, Конор Галагер, Хаким Зијеш, Армандо Броја, Каи Хаверц, Рахим Стерлинг и Пјер-Емерик Обамејанг.
На голем број од наведените фудбалери, договорите со клубот им истекуваат во јуни 2024.година.