Линделоф од Манчестер Јунајтед е замената за Шкрињар во Интер
Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
Шкриниар заминува како слободен агент, Де Врај исто така е на излезна врата, па „нероаѕурите“ сакаат да доведат најмалку еден квалитетен дефанзивец. Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека на врвот на списокот желби се наоѓа дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.
Јунајтед ги одбил сите понуди за трансфер на 28-годишниот шведски репрезентативец во зимскиот преоден рок, но е спремен да го пушти на лето.
Договорот на Линделоф истекува во јуни 2024 година, а Интер е спремен да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.