Пет клубови од Премиер лигата заинтересирани за Палиња
Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Фулам, Жоао Палиња е трансфер цел на пет клубови од Премиер лигата.
27-годишниот Палиња е член на Фулам од минатото лето кога пристигна за сума од 20 милиони фунти. Тој со неговите одлични игри за тимот од „Крејвен котиџ“, го привлече вниманието од најдобрите тимови во Премиер лигата.
Информациите велат дека Манчестер Јунајтед , Њукасл, Ливерпул, Арсенал и Челзи се заинтересирани за доведување на португалскиот играч од средината на теренот.
Како единствена пречка за трансфер на Палиња во некој од наведените клубови е неговиот актуелен договор со Фулам кој е со важност до 2027.година.