Младата данска сензација на пат кон „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот  на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд. 19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната, а беска и на натпреварите за репрезентацијата. Хојлунд постигна пет гола за Данска на два настапи во последните три дена.

Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи за младиот Данец интерес покажуваат уште Арсенал, Милан и Барселона.

Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 15 милиони фунти, но неговата цена драстично порасна после оваа сезона.