Оливие Жиру го продолжува договорот со Милан

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, објави дека фудбалерот на Милан Оливие Жиру, ќе го продолжи  договорот со клубот до 30.јуни 2024 година.

Новинарот тврди дека Милан наскоро и официјално ќе потврди дека е договорено продолжување на соработката со францускиот напаѓач, а според договорот тој ќе добива плата од 3,5 милини евра.

36 годишниот Жиру е член на Милан од 2021.година а за клубот има одиграно 72 натпревари и постигнати 46 гола.