Клуб од Саудиска Арабија го носи Рамос за пет пати поголема плата од сегашната
Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос би можел да добие поголема плата доколку игра за клубот од Саудиска Арабија.
Според „L’Equipe“, сумата од 30 милиони евра е почетната понуда на саудискиот Ал-Хилал за играчот. Може да се зголеми до 50 милиони евра.
Шпанецот заработува помалку од 10 милиони евра годишно во ПСЖ пред оданочување. Парижаните ќе се обидат да ги намалат платите при преговорите за нов договор. Оваа сезона Рамос има 36 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција.
ПСЖ со освоени 66 бодови е на првото место на табелата во францускиот шампионат. Парискиот тим испадна од Лигата на шампионите во 1/8 финалната фаза.