Весли Снајде пак жестоко го критикуваше Душан Тадиќ
Ајакс загуби во големото дерби со Феенорд и практично остана без шанси за титулата во домашното првнество, но последниот кикс против Го Ахед Иглс дополнително ги разгоре критиките во Амстердам, а тука особено до израз доаѓа Весли Снајдер.
Легендарниот играч за врска речиси цела сезона го критикува Душан Тадиќ, но сега посебно жестоко го нападна капитенот, со напомена дека веќе не може да го гледа како игра на теренот.
Ајакс едноставно не е ист тим по заминувањето на Ерик Тен Хаг, неговиот наследниот Шрудер брзо доби отказ, но тимот не бележи прогрес и под водство на Џони Хејтинга.
„Многу го сакам Џон Хејтинга, но за жал повторно гледам моменти како ова да е истиот тим кој го водеше Шрудер. Повторно се прават истите промени, повторно играта се врти околу Душан Тадиќ. Верувајте ми, немам ништо против Србите, имам многу пријатели од оваа земја, но мислам дека е доста. Не можам да го гледам, ако се бараат виновници зошто Ајакс не победува, тој е на врвот. Веднаш би се ослободил од него“, вели Снајдер.
По последниот кикс, Ајакс има осум бода помалку од лидерот Феенорд и јасно е дека одбраната на титулата се претвора во невозможна мисија.