Шест мундијалски стадиони во Катар ќе бидат домаќини и на првенството на Азија
Шест од осумте стадиони од ланското Светското фудбалско првенство ќе бидат домаќини на натпреварите на Купот на Азија што ќе се одржи во Катар од 12 јануари ди 10 февруари идната година, објави денеска Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).
Натпреварите ќе се играат на Меѓународниот стадионот Халифа, како и на стадионите Ал Џануб, Едјукејшн сити, Ахмед бин Али, Ал Тумам и Ал Бајт.
Стадионот Лусаил, на кој се одигра мундијалското финале меѓу Аргентина и Франција, како и стадионот „974“, изграден од 974 контејнери кои ќе бидат демонтирани, нема да бидат домаќини на азиското првенство.
Имајќи предвид што се случуваше на минатото Светско првенство, Купот на Азија 2024 ветува дека ќе биде „спектакл каков што азискиот фудбал досега нема видено“, порача претседателот на АФЦ, Селман бен Ибрахим ал Халифа.