Де Брујне петти со преку 100 асистенции во Премиер лигата

Манчестер Сити оствари убедлив триумф над Саутемптон (4-1) во Премиер лигата и со тоа остана во игра и продолжи да притиска во борбата за пехарот во најинтересниот фудбалски шампионат на светот.

Ова беше средба во која Де Брујне забележа нова асистенција, а со тоа влезе во историјата на ова натпреварување. Имено Белгиецот сега е во одбрано друштво, односно стана само петтиот играч со најмалку 100 додавање во ПЛ или поточно им се приклучи на Рајан Гигс (162), Сеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Френк Лампард (102).

Де Брујне е фудбалерот кој со најмал број натпревари успеал да дојде до ваков учинок, поточно го надмина Фабрегас на кого му требаа 293 средби за да дојде до „стотката“.

Ѕвездата на „граѓаните“ ова го реализираше со 237 натпревари.