Тотенхем е во игра за потпис со Хаким Зијеш од Челзи
Крилниот напаѓач Хаким Зиеш се наоѓа во незавидна позиција во клубот од Стемфорд Бриџ, бидејќи нема настап за сините од поразот од Тотенхем со 2-0 во месец февруари.
30-годишниот интернационалец од Мароко е под договор со Челзи до 2025 година, но сега Тотенхем се вклучува за трката за потпис со фудбалерот и се очекува да понуди 20 милиони фунти за неговите услуги.
Тотенхем, заедно со Вест Хем и Фулам, се заинтересираните клубови од Премиер лигата кои би сакале да го видат Мароканецот во своите редови , но според многумина Париз Сен Жермен останува најверојатниот купувач на играчот ова лето.
ПСЖ повторно ќе го разгледа својот интерес за поранешниот член на Ајакс, откако нивната понуда во јануари пропадна во последен момент.