Тухел испрати предупредување до фудбалерите по инцидентот меѓу Мане и Сане
Топ тема во германската спортска јавност веќе неколку дена е инцидентот меѓу Садио Мане и Лерој Сане, во кој Сенегалецот физички го нападнал својот колега и му нанел расекотина на усната по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Оваа есклузива ја пренесоа угледните германски медиуми и на Баерн како клуб му беа потребни речиси 48 часа за да се огласи, при што соопшти дека Мане заработува суспензија од еден меч и дополнителна парична казна.
„Овој случај е решен. Мане заработи еден меч суспензија и парична казна за тоа што го предизвика. Јас не видов што се случи бидејќи бев во собата со моите помошници. После тоа, веднаш зборував со двајцата инволвирани, со сите останати играчи и со стручниот штаб. Секако дека бевме загрижени, тоа беше неочекуван инцидент и најважно беше да го решиме пред првиот тренинг. Тоа го направивме вчера, го решивме проблемот и имавме добри тренинзи вчера и денес“; заврши Тухел.