Хоакин најави крај на кариерата
Легендата на шпанскиот фудбалски клуб Бетис, Хоакин Санчез, одлучи на крајот од сезоната да ја заврши својата професионална кариера.
Зелено-белите од Севиља одлуката на капитенот ја објавија преку Инстаграм пост во кој се вели:
„Икона, мит, неповторлив фудбалер кој на крајот од сезоната ќе се прости од играчката кариера“.
Хоакин својата сениорска кариера ја започна во 1999.година во Б тимот на Бетис за потоа да заигра за првата екипа на овај клуб. После Бетис, тој имаше настапи и за Валенсија, Малага и Фиорентина.
41-годишниот фудбалер е рекордер на Бетис по бројот на настапи со вкупно 521 натпревар, а има постигнато 112 гола и 102 асистенции. За репрезентацијата на Шпанија одигра вкупно 51 натпревар со постигнати четири гола.