Анчелоти незадоволен од тревникот на „Сантијаго Бернабеу“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на синоќашниот натпревар со Селта (2-0) во 30. коло на Ла Лига.

„Мислам дека атмосферата околу нас многу ни помага и ни овозможува да го дадеме максимумот, па дури и повеќе. Затоа мислам дека сите играчи им се благодарни на нашите навивачи кои секогаш ни даваат многу љубов. Има проблем со теренот, се работи на него и се надеваме дека ќе најдат решение. Јасно е дека тековната работа влијае на квалитетот на тревата и тоа не е чудно. Мораме да издржиме. Но, ситуацијата ќе се промени пред натпреварот со Манчестер сити во Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид е на второто место во Ла Лига со 65 бодови, но главните шанси за трофеј сезонава ги гледа во Купот на Кралот и Лигата на шампионите.