ПСЖ купува нов Шпанец во срцето на одбраната
ПСЖ покажува сериозен инетерес за шпанскиот репрезентативец и дефанзивец на Виљареал, Пау Торес.
ПСЖ сака да ја засили одбраната, а Торес е прв на листата желба бидејќи клубот во него гледа идеален наследник на Серхио Рамос. 26-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Ова лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но сепак остана во Виљареал, а ПСЖ веќе спрема понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.
Торес е спремен да направи чекор напред во кариерата и е отворен за преселба во Париз, тврдат шпанските медиуми.