Негативен рекорд: Челзи загуби 11 натпревари по отказот на Тухел
Лондонски Челзи загуби во натпреварот од 33. коло во Премиер лигата и тоа од Брентфорд (0-2). Овој пораз беше веќе 11-ти за екипата на Челзи откако раководството на тимот го отпушти тренерот Томас Тухел. Оваа информација денес ја објави статистичкиот портал „Опта Спорт“.
По отказот на германскиот стручњак, Челзи одигра 26 натпревари во Премиер лигата. Во нив сините остварија осум победи, седум пати ремизираа и 11 пати загубија. Исто толку порази имаше за цело време додека тимот го водеше Тухел. Германецот работеше во Челзи од јануари 2021 до септември 2022 година.
Под негово водство, лондончани победија на 35 натпревари во Премиер лигата, 17 пати ремизираа и 11 пати загубија. Сега Челзи е предводен од Френк Лампард, а под негово водство тимот загуби пет натпревари по ред.