Белингем: Верувам дека ќе го исполниме сонот за титула во Дортмунд
Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, изјави дека сонува да стави крај на 11-годишното чекање на клубот за титула во Бундеслигата. 19-годишниот играч е клучен во тимот на Един Терзиќ кој моментално има бод предност пред Баерн Минхен на врвот на табелата, на пет натпревари до крајот на сезоната.
„Никој во нашата соблекувална не сонуваше да биде прв по 29 кола. Сонот е да бидеме први по 34 коло. Мораме да победуваме на секој натпревар до крајот на сезоната. Без разлика дали Баерн го победил Мајнц или загубил, ние имаме наша задача. Сакаме да сонуваме, но прво треба да се погрижиме да ја завршиме нашата работа“, вели Англичанецот.