Шпанецот Ираола именуван за нов тренер на Борнмут

Шпанскиот стручњак Андони Ираола потпиша двегодишен договор со Борнмаут. Претходно Ираола три години раководеше со Рајо Ваљекано, договорот кој му важеше до крајот на минатата сезона.

„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Андони во клубот. Бидејќи летово му заврши договорот во Шпанија, сакавме да дејствуваме брзо. Тој беше многу баран кај другите клубови ширум континентот и неговиот стил на игра беше важен фактор во одлуката. Неговите достигнувања во Шпанија секако беа многу импресивни и сигурни сме дека тој е вистинската личност да го напише нашето следно поглавје. Идентификувавме голем број цели на трансфер пазарот кои, заедно со нашите јануарски засилувања, ќе го направат тимот посилен. Ова ќе му овозможи на Андони да го обезбеди клубот како постојан член на Премиер лигата и да продолжи да напредува“, се вели во објавата за клупската прес-служба на сопственикот и претседател на Борнмаут, Бил Фоли.