Тимбер од Ајакс следна желба на Артета во Арсенал
Арсенал е во напредни преговори со Ајакс околу трансферот на дефанзивецот Јуриен Тимбер.
„Топџиите“ веќе ги договорија личните услови за 22-годишниот репрезентативец на Холандија и испратија понуда од 30 милиони фунти.
Ајакс за слободата на својата ѕвезда бара 50 милиони евра, но се очекува наскоро двата клуба да ја надминат разликата.
Клубот од „Емирејтс“ изминатите години внимателно следи како напредува Тимбер и верува дека ќе биде големо засилување за одбраната.
Арсенал е многу активен на трансфер пазарот и покрај Тимбер преговара уште за Даклан Рајс и Каи Хаверц.