Пеп го сака Хакими во Сити
Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен.
Пеп Гвардиола го посочи Мароканецот како совршена замена за Кајл Вокер, кој е блиску до преселба во Баерн. Хакими е во многу блиски односи со Килијан Мбапе и евентуалното заминување на француската ѕвезда би можело да биде придружено и со негов трансфер. ПСЖ нема желба да се раздели со мароканскиот интернационалец, но се очекуваат сериозни промени во клубот со доаѓањето на новиот тренер, кој најверојатно ќе биде Луис Енрике.
Ќе има промени во Манчестер Сити по историската тројна круна. Покрај Вокер, се очекува да замине и Илкај Гундоган, а „граѓаните“ се обидуваат да го привлечат Матео Ковачиќ како негова замена. Во битка за потписот на Деклан Рајс влезе и англискиот и европски шампион.