Тухел лично го убедува Кејн да дојде во Минхен

Тренерот на Баерн, Томас Тухел требал лично да го посети капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн за да го убеди да се пресели во Баварија.

Баерн Минхен не се откажува од Кејн, па сега во трката по неговиот потпис се вклучува и екс-менаџерот на Челзи. Кристијан Фалк, кој многу внимателно го следи Баерн Минхен, на својот Твитер пишува дека Томас Тухел го посетил домот на Хари Кејн за да го убеди на преселба во Германија.

Тотенхем бара 100 милиони фунти за Хари Кејн, кои Баерн Минхен во основа не сака да ги плати. Наместо тоа, прагот на сумата за трансфер која можат да ја понудат Германците е 86 милиони фунти.