Борусија Дортмунд ќе добие нов капитен, Ројс ја предаде траката
Марко Ројс се откажа од капитенската функција во Борусија Дортмунд.
34-годишниот играч од средниот ред ја носеше лентата 5 сезони (од 2018 година). За тимот како капитен одигра 178 натпревари во сите натпреварувања. Вкупно има 387 меча и 161 гол со Борусија со која два пати го освојуваше Купот на Германија.
„Имав време да размислувам за тоа додека бев на одмор и решив да се откажам од капитенството. Пет години со гордост бев капитен. Тоа беше голема чест за мене“, изјави Ројс.