Колашинац претставен како нов фудбалер на Аталанта
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Аталанта.
Тој успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со тимот од Бергамо.
Колашинац доаѓа во Серија А од Олимпик Марсеј како слободен играч, а претходно ги носеше дресовите на Арсенал и Шалке.