Ачерби го продолжи договорот со Интер

Интер го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби од Лацио, потврдија од клубот.

Ачерби минатото лето беше исфрлен од тимот на Лацио, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.

Дефанзивецот одигра одлична сезона, па Интер одлучи да го откупи и ја плати сумата која Лацио ја бараше за негова слобода.

Имено, „нероаѕурите“ се согласија да платат 4 милиони евра и да го задржат италијанскиот дефанзивец, кој се етаблираше во клучна фигура на тимот на Инзаги.