Сергеј Милинковиќ – Савиќ пред преселба во Ал Хилал

Српскиот фудбалски репрезентативец и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, е на чекор до трансфер во Ал Хилал од Саудиска Арабија, пренесуваат италијанските медиуми.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, изјави дека би сакал да ја продолжи соработката со српскиот фудбалер, но додава дека нема да го стопира трансферот на Савиќ доколку тој сака да го напушти римскиот клуб.

28-годишниот Србин, има договор со Лацио со важност до 30.јуни 2024.година. Според информациите на медиумите , Ал Хилал е подготвен да му плати на Лацио 40 милиони евра за реализирање на трансферот, а Милинковиќ-Савиќ би добивал 20 милиони евра по сезона.

Ал Хилал минатата сезона го освои третото место во првенството на Саудиска Арабија, а за претстојната сезона како засилувања веќе ги доведоа Рубен Невеш и Калиду Кулибали, а нов тренер на екипата ќе биде Жорж Жезус.