Дибала одлучен да остане во Рома
Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, потврди дека останува во клубот и во новата сезона. Тој тоа го изјави пред почетокот на летниот тренинг камп на „волчицата“.
„Секако дека сум среќен во Рома. Дали останувам овде? Да, од утре почнуваме со тренинзи“, изјави Аргентинецот.
Дибала им се приклучи на римјаните минатото лето како слободен играч од Јувентус. Во неговиот договор има откупна клаузула за италијански тимови вредна 20 милиони евра, а за клубови од странство – 12 милиони евра.