Арсенал и Емирати ја продолжија децениската соработка
Арсенал најави продолжување на генералниот спонзорски договор со Емирати за уште пет години, до летото 2028. На овој начин двете страни го посочија најдолгото партнерство во историјата на Премиер лигата, кое ќе трае најмалку 22 години.
Имено, авиокомпанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати стана спонзор на „топчија“ во 2006 година!
„Исклучително сме горди што пишуваме историја со продолжување на нашето партнерство со Емирати до 2028 година. Зад нас е долг период на посебни односи, заеднички вредности, амбиции за обединување на глобалните заедници и надградба на бројни достигнувања. Сето тоа го одбележа досегашното патување, но и ние сме возбудени што ќе продолжиме напред. Фокусирани сме да славиме неверојатни моменти со поддржувачите ширум светот“, изјави Џулиет Скот, комерцијален директор на лондонскиот клуб.