Чави: Разочаран сум од одлуката на Дембеле
Осман Дембеле долго време тврдеше дека основна цел му е да остане и да освојува трофеи со Барселона, но сега експресно реши да ја прифати понудата на ПСЖ.
Францускиот клуб ќе ја плати откупната клаузула од неговиот договор, со што Дембеле и дефинитивно се сели во Париз, нешто што е разочарувачка вест и за тренерот Чави.
„Целата ситуација е едноставна. Тој добил понуда од ПСЖ и ми соопшти дека веќе разговарал со Насер Ал Келаифи и Луис Енрике. Се работи за понуда на која ние не можеме да парираме, нормално е дека сум разочаран од неговиот потег, но барем беше директен и сега сите продолжуваме напред.
Знаев за клаузулата, но беше среќен на тренинзите и не очекував вакво сценарио. Го прашавме за причината, но не можеше да даде објаснување. Кој не сака да биде во Барселона, треба да добие можност да замине“, рече Чави.