Гичевска потпиша за романска Стинта Букурешт
Леонида Гичевска, една од нашите најдобри ракометарки во следната сезона ќе биде дел од романскиот шампионат.
Последната сезона Гичевска ја мина во Франција во редовите на Бесанкон, а сега одлучи да се придружи на Стинта Букурешт.
Првите ракометни чекори македонската репрезентативка ги направи во Свети Николе, подоцна настапуваше уште за Вардар, Металург и Куманово на домашната ракометна сцена, додека од странските клубови беше дел уште од францускиот Ле Пузен и Локомотив Загреб од Хрватска.