Астон Вила го договори Заниоло од Галатасарај
Италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло зад себе има одлични шест месеци во дресот на Галатасарај, но брзо ја завршува епизодата во Турција. Нов клуб на Заниоло ќе биде Астон Вила.
Заниоло во зимскиот преоден рок бараше трансфер во Милан, а кога се пропадна и влезе во лош однос со Рома единствениот излез му го понуди Галатасарај. По добрите настапи во турското првенство и освоената титула Унаи Емери го доведува во Премиер лигата.
Трансферот на Заниоло го потврди и тренерот на Галатасарај, Окан Бурук.
„Желбата на Заниоло беше да игра во Премиер лигата и ние ја почитувавме. Во такви услови, најдобро за клубот е да го пушти да замине. Веќе го имаме Тете и на негово место ќе доведеме засилувае“, изјави Бурук по вчерашниот триумф на Галатасарај над Олимпија Љубљана од 1-0.