Марсијал следен се сели во Саудиска Арабија
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој ја нема довербата на тренерот, Ерик Тен Хаг, може да биде ново име во шампионатот на Саудиска Арабија, најавија медиумите во Англија.
Тој за екипата од „Олд Трафорд“ има одиграно 299 мечеви со ефект од 88 голови и 53 асистенции откако беше купен од Монако во 2015 година.
Според одредени шпекулации, за потписот на 27-годишниот фудбалер се заинтересирани неколку елитни клубови од Саудиска Арабија кои нема да имаат проблем да ја платат неговата откупна клаузула.