Гркот Влаходимос пред потпис со Манчестер Јунајтед
Maнчестер Јунајтед летово работи на решавање на ситуацијата со голманската позиција.
По 12 години клубот го напушти Давид Де Геа, а на негово место Тен Хаг го доведе Андре Онана. 27-годишниот чувар на мрежата беше платен околу 60 милиони евра, но изгледа дека „црвените ѓаволи“ ќе доведат и негова резерва.
Дин Хиндерсон е на мета на Нотингем Форест и Кристал Палас, клубови каде што би бил прв избор. Според Фабрицио Романо, Јунајтед како негова замена би можел да се засили со Одисеас Влаходимос.
Станува збор за 29-годишен Грк кој пет години е член на Бенфика. Со португалскиот клуб Влаходимос освои две титули и секогаш беше први збор. „Трансфермаркт“ го проценува на 16 милиони евра, а договорот му има важност уште тр игодини што значи дека Португалците да го пуштат за ниска сума.