Ал Итихад ја зголеми понудата за Салах

Челниците на Ал Итихад се подготвени да му понудат на Ливерпул 150 милиони евра (162 милиони долари) за египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах, пренесува ЦБС Спорт.

Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а челниците на Ливерпул постојано негираа дека планираат да го продадат египетскиот напаѓач.

Наведениот извор тврди дека управата на Ал Итихад си поставила главна цел до крајот на преодниот рок, односно до 20 септември да го ангажира египетскиот репрезентативец.

Извори блиски до преговорите наведуваат дека Ал Итихад на Ливерпул би му платил загарантирана отштета од 108 милиони долари, а англискиот клуб преку бонуси би можел да добие уште 54 милиони долари.