Познат идеалниот тим на Премиер лигата, доминираат ѕвездите на Сити

Професионалната асоцијација на фудаблери традиционално ги бира
најдобрите на стартот на секоја нова натпреварувачка сезона, што
всушност се дадени гласови за најдобрите на сезоната која е завршена пред неколку месеци.
Англиските фудбалски ѕвезди се собраа на едно место и Ерлинг
Халанд беше избран за најдобар играч од страна на ПФА
асоцијацијата, додека за најдобар млад играч беше избран Букајо
Сака.
Очекувано, најголемо внимание привлече изборот за тимот на
сезоната во англиската Премиер лига, а не е никакво изненадување
што доминираат играчи на Манчестер Сити и Арсенал.
Шампионот Сити има пет претставници во идеалните 11 и тоа се
Стоунс, Диаш, Родри, Де Брухне и Халанд, додека од Арсенал беа
избрани Рамздејл, Салиба, Одегард и Сака.
Единствените двајца играчи кои се најдоа меѓу најдобрите, а не се од
двата најдобри тима, се Хари Кејн кој направи трансфер во Баерн
Минхен, како и Киран Трипие кој имаше страшна сезона со Њукасл.
Во идеалниот тим сепак немаше место за Маркус Рашфорд, без оглед
на тоа што најдобриот играч на Јунајтед постигна 17 гола и запиша
пет асистенции.