Шпанскиот напаѓач Нолито ја заврши кариерата

Нолито и официјално го објави своето повлекување од фудбалот. Последниот клуб на играчот беше Ибица.

„Ви се обраќам на сите со измешани емоции што е тешко да се опишат. Дојде време кога треба да се збогувам со страста која е мојот живот толку години – фудбалот. Имав доволно среќа да уживам во овој прекрасен спорт на највисоко ниво. Ми дозволи да доживеам толку многу работи и да понесам безброј спомени со мене засекогаш. Посебна благодарност до моето семејство што ме поддржуваше од првиот до последниот ден.

Би сакал да им се заблагодарам и на сите луѓе кои на овој или оној начин се вклучија во мојата кариера. Благодарност до сите мои поранешни колеги и вработени во сите тимови во кои имав можност да работам. Никогаш нема да ја заборавам наклонетоста и благодарноста што фановите секогаш ми ја покажуваа. Бев презадоволен што добив толку многу љубов и би сакал да ја завршам кариерата во клубот во кој ја започнав професионалната кариера, но мислам дека е време за нови предизвици.

Ти благодарам многу, фудбал! Збогум!“, напиша фудбалерот на своите социјални мрежи.

Во текот на својата кариера, Нолито успеа да игра за Барселона, Бенфика, Гранада, Селта, Манчестер Сити и Севиља.