Меси неодлучен дали ќе игра на следниот Мундијал
Лионел Меси ја предводеше селекцијата на Аргентина до мундијалското злато на шампионатот во Катар, поточно дојде до остварување на големиот сон, освојување на пехарот кој му недостасуваше во кариерата.
Ветеранот понатаму е активен, настапува за „гаучосите“, но постои едно прашање кое знае одвреме навреме да биде актуелно, а тоа е дали Меси ќе може како капитен да ја носи, води Аргентина и на Мундијалот во 2026 година.
Тоа дефинитивно го сака јавноста во оваа земја, неговите соиграчи, меѓутоа тој засега не сака ништо да ветува со оглед на тоа што има 36 години и е во фаза на кариерата каде едноставно не може да се гледа толку далеку.
„Не знам дали ќе го достигнам. Тоа го кажав и претходно. Сè уште не размислувам за тоа бидејќи е далеку, но мислам на Копа Америка. Целта е да пристигнеме во добра форма на Копа Америка во САД. Ќе биде супер. Тоа ќе се разгледа во зависност од тоа како се чувствувам во тоа време“, порача ѕвездата на Интер Мајами.