Мората парафразираше култна изјава на Симеоне по мадридското дерби
Алваро Мората му пресуди на својот поранешен клуб Реал Мадрид и постигна два гола на „Метрополитано“, а за да биде уште поинтересно, напаѓачот енергично ги славеше и јасно покажа дека не чувствува сентименталност кон „кралевите“.
Шпанскиот голгетер постигна два слични погодоци во триумфот од 3-1 и беше избран за играч на натпреварот во големото мадридско дерби, по кое повтори и една незаборавна фраза на Чоло Симеоне.
„Многу сум среќен за овие навивачи на Атлетико. Кажав уште во најавата за дербито дека тие ќе имаат клучна улога. На крајот, така и беше. Атмосферата беше неверојатна, тие притискаа со нас и заедно сме посилни. Ние дадовме се на теренот, а тие на трибините.
Кога ги постигнав двата гола, помислив само на една изјава на тренерот: Дечињата од Мадрид можат да одат на школо со дресот на Атлетико и треба да бидат горди на тоа“, заврши Мората.