Ајакс и Феенорд добија нов термин за доигрување на дербито
Холандската фудбалска федерација го одреди датумот за
продолжување на прекинатиот меч меѓу Ајакс и Феенорд.
Натпреварот беше прекинат во неделата во 56. минута кога при
водство на Феенорд од 3-0 навивачите на Ајакс предизвикаа
инциденти фрлајќи на теренот безброј факели и димни бомби.
Фудбалската федерација на Холандија соопшти вечерва дека
натпреварот ќе продолжи в среда од 14 часот без навивачи на
трибините, а дуелот меѓу Ајакс и Волендам, кој требаше да се одигра
в среда, е одложен.
Ајакс најави дека ќе вложи жалба на ваквата одлука, настојувајќи
прекинатиот натпревар против Феенорд да биде закажан за почетокот на ноември, поради згуснатиот распоред.