Симеоне ќе ја намали платата, но ќе добие нов договор во Мадрид
Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.
Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сака да го задржи и во наредните три години. Интересно е што Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45%, со што повеќе нема да биде најплатен тренер на светот.
Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.
Со тоа Аргентинецот си заработи најбогат договор, но сега прифати да остане во клубот за многу помала плата.