Барса се вклучи во трката по Сантијаго Хименез
Шпанска Барселона го следи мексиканскиот напаѓач на Феенорд, Сантијаго Хименез, објави „ЕСПН“. Во исто време, Барселона знае дека конкуренцијата за потпис на играчот ќе биде голема, а холандскиот клуб ќе бара голема отштета.
Оваа сезона 22-годишниот Хименез на 10 натпревари од првенството на Холандија постигна 13 гола и имаше три асистенции. Напаѓачот постигна два гола и во неговиот единствен натпревар во Лигата на шампионите против Лацио (3-1).
Според изворот, претставниците на каталонскиот тим биле импресионирани од тоа колку брзо Мексиканецот се прилагодил на европската игра. Барселона ќе продолжи внимателно да го следи Хименез во наредните месеци, но има бројни пречки кои го спречуваат трансферот да се случи зимава.
Поточно, клубот веќе го договорил трансферот на напаѓачот на Атлетико Паранаенсе, Витор Роке, што ја намалува потребата од дополнителни напаѓачи. Тој ќе им се приклучи во јануари или на лето.