Флоренци не се обложувал на фудбал и може да избегне голема казна

За време на сослушувањето, дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација и откри на обвинителката Мануела Педрота дека се обложувал на рулет.

„Не се обложив на фудбал, туку на други видови игри како што е рулетот“, изјави Алесандро Флоренци на сослушувањето кај јавната обвинителка Мануела Педрота.

Триесет и двегодишниот фудбалер е осомничен за нелегално обложување додека беше член на Рома.

Флоренци е обвинет за истото кривично дело како Фаџоли, Тонали и Заниоло, единствените тројца играчи кои досега беа запишани во регистарот на осомничени, врз основа на тамошните закони.

Одбранбениот фудбалер отиде во обвинителството во придружба на адвокатите Конте и Тогноци, исто како и Николо Заниоло.