Камавинга сериозно го повреди коленото

Фудбалерот за врска на мадридски Реал, Едуардо Камавинга, го повреди десното колено на тренинг на француската репрезентација, објави денеска шпанскиот прволигаш.

На Камавинга му е дијагностицирана руптура на надворешниот страничен лигамент во десното колено, а Реал не објави каков и да е потенцијален датум за враќање на францускиот репрезентативец на теренот.

Камавинга, кој настапи на сите прволигашки натпревари од почетокот на сезоната, им се приклучи на повредените соиграчи во Реал – Тибо Куртоа, Едер Милитао и Арда Гулер.

На почетокот на овој месец Камавинга го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште две години, до 2029 година.