Вернер се враќа во Премиер лигата, две понуди стигнаа за Германецот
Тимо Вернер не добива голема минутажа во Лајпциг, па се очекува во јануари да се врати во Премиер лигата, тврдат германските медиуми.
Германскиот репрезентативец не е задоволен со статусот во германскиот тим и сака трансфер по секоја цена.
Вернер помина две сезони во Челзи, каде пристигна за 55 милиони евра, но „сините“ не беа задоволни од неговиот придонес и го продадоа во неговиот поранешен клуб.
Сега интерес за Вернер покажуваат Кристал Палас и Фулам, а Германецот сака да се врати во Премиер лигата.